Концерти на Тони Зен, Бресквица, Реља и Таско под отворено небо во Охрид

На 27 и 28 јули на „Билјанини извори“ во Охрид концерти ќе одржат некои од најпопуларните музичари од регионалната сцена.

На 27 јули заеднички концерт ќе имаат македонскиот музичар Таско и српскиот пејач Реља Поповиќ, кого публиката го запозна преку бендот „Елитни одреди“, а сега има соло кариера.

Следниот ден, на 28 јули, концерт ќе имаат српското рап-дуо THCF, тинејџерската ѕвезда Бресквица, и македонскиот хип-хопер Тони Зен.

Концертите, кои ги организира „Балкан медиа“, почнуваат во 21 часот, а влезниците се веќе во продажба.

Scroll to Top