Кралот Чарлс повторно го погодија со јајце

Кралот Чарлс Трети повторно се најде во незгодна ситуација откако беше погоден со јајце. Британскиот крал го погодија за време на неговата прошетка во трговскиот центар во Лутон. Од полицијата во Бедфордсшир рекоа дека го фатиле сторителот. Станува збор за маж во дваесеттите години. Сега го држат за испитување.

По инцидентот неговите телохранители веднаш го тргнаа од метежот. Чарлс потоа продолжил со програмата и се ракувал со оние кои дојдоа да го видат. Ова не е првпат Чарлс да биде погоден со јајце. Неодамна за време на прошетката низ Јорк, му фрлија неколку јајца, но ниту едно не го погоди, ни него ни сопругата.

Двајцата се однесуваа како ништо да се нема случено и продолжија со програмата. Сторителите беа фатени и изнесени од публиката.

 

Scroll to Top