Краткометражниот филм на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески, „Дали си маж“ денес премиерно ќе биде прикажан во Синеплекс, со почеток во 20 часот и 30 минути.
Филмот е приказна за едно момче кое расте со самохрана мајка и кое обидувајќи се да одговори на предизвикот од својот сосед, ја добива својата прва лекција по животна иронија.
Улогите во филмот ги толкуваат Сашко Коцев, Душица Настова, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Лила Милиќ, Мими Таневска Србиновска и младиот Данило Ивановски во улогата на Марко.
Сценариото и режијата се на Ставрески, директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценограф Симо Бранов, продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска, додека филмот е во продукција на „Минимал колектив“.
Ѓорче Ставрески имаше голем успех со неговиот прв филм „Исцелител“. „Дали си маж“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Филмскиот центар Србија.