Принцези, пеперутки, фудбалери, филмски ѕвезди, пчели и што ли уште не … Вака денес изгледа Скопје и останатите градови, откако најмладите ги облекоа своите првоаприлски маски и прошетаа по улиците, заминаа во школо или градинка.

Во пресрет на Светскиот ден на шегата, детската насмевка и радоста може да се забележи преку маските. И познатите не останаа рамнодушни на оваа па објавија фотографии од своите деца. Перо Антиќ, Катарина Ивановска, Живкица Каленикова, Маја Кикириткова, Сара Мејс … се само дел од јавните личности кои покажаа колку се креативни за денот на шегата.
Утре е 1. Април, па во пресрет на Светскиот ден на шегата организиран е првоаприлски маскенбал низ Скопје и останатите градови низ Македонија.



