Квотербек украл милион долари од социјален фонд за сиромашни за да изгради игралиште за ќерка му

Еден од легендарните квотербекови во НФЛ, Бре Фаврт, се сомничи дека украл милиони долари од социјален фонд за сиромашни во Мисисипи. Со парите изградил одбојкарско игралиште за ќерка му. Фавр тврди дека не е виновен ѝ се брани дека парите ги добил од фондот, за големиот број појавувања и говори во јавност.

Медиумите пренесоа дека Фаврт наводно добил 1.100.000 долари, а парите ги добил од фондот за помош на најсиромашни, во најсиромашната држава во САД, во која петтина од луѓето живеат под границата на сиромаштија.

Во скандалот е вемшан и квотербекот Грин Беј Пекерс, кој не се држел до својот дел од договорот и не направил сè што е побарано од него во договорот. На крај 5.000.000 долари кои биле наменети за сиромашни семејства се пренасочени за изградба на одбојкарско игралиште на Универзитет во Јужен Мисиспи каде настапува ќерката на Фавр.

Џон Дејвис, високопозициониран политичар од Мисисипи пред федералниот суд рече дека не е виновен за измамата и се согласи да сведочи против сите обвинети, меѓу кои и НФЛ легендата.

Фавр ќе мора да ги врати парите кои ги добил за говорите, од кои повеќето не ги ни одржал, но засега не е познато од каде му се исплатени новите 228.000 долари, кои ги нема пријавено. Се товари и дека влијаел на трошењето на 5.000.000 долари на непотребното одбојкарско игралиште.

 

Scroll to Top