Летонскиот министер за одбрана Артис Пабрикс најави враќање на задолжителниот воен рок во екот на растечката напнатост со соседот Русија и војната во Украина.
„Сегашниот воен систем на Летонија ги достигна своите граници. Истовремено, немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени својот однос“, рече Пабрикс пред новинарите.
Летонија се откажа од задолжителниот воен рок по влезот во НАТО. Војската на оваа балтичка земја членка на Европската Унија од 2007 година, го чинат професионални војници и доброволци на Националната гарда кој викендов хонорарно служат во пешадијата.
Земјата со помалку од два милиони жители, која се граничи со Белорусија и Русија, во моментов има само 7500 војници во активна служба и припадници на Национална гарда, со поддршка од 1.500 НАТО војници.
Пабрикс рече дека задолжителниот воен рок ќе се однесува само на мажи и ќе биде вратен во 2023 година.