Еден од најдобрите играчи во светот, Аргентинецот Лионел Меси, по истекот на договорот со францускиот Пари Сен Жермен, кариерата ја продолжува на американскиот континент, каде потпиша договор со Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам. Како што се прошири веста, популарноста на клубот порасна. Помалку од милион луѓе го следеа на социјалните мрежи, а денес има повеќе од седум милиони. Поскапеа и влезниците за натпреварите, па до неодамна чинат околу триесетина долари, а сега кај препродавачите чинат десет пати повеќе.
Меси веќе најде место каде ќе се всели со сопругата Антонела и трите деца Тијаго, Матео и Чиро, а тоа е луксузен стан на два ката во елегантната кула Порше Дизајн на плажата „Сани ајленд“ во Мајами.
Lionel Messi’s family just purchased this $7.3M condo in Miami, per @trdny.
He already owns a $5M condo right down the street.
Messi to Miami confirmed? pic.twitter.com/pzxLZEqsdb
— Joe Pompliano (@JoePompliano) April 21, 2021
Брендирана од истоимениот германски производител на автомобили, зградата може да се пофали со три лифтови за автомобили кои им овозможуваат на жителите да ги паркираат возилата во стаклена површина на истиот кат како нивниот стан. Опремен е со најсовремени апарати и технологија. Овој софистициран резиденцијален облакодер е суштината на луксузното живеење, има 132 станбени единици од 250 до 500 квадратни метри со балкони и поглед на океанот, приватен ресторан, приватно кино, огромен базен, најсовремен спа и фитнес центар, соба за забава, виртуелен терен за голф, салон бар.
Меси за својот стан во оваа луксузна зграда платил 7,1 милиони долари, а со оглед на тоа дека во Мајами ќе добива неверојатни 50 милиони долари по сезона, како што се шпекулира, дел од преносот на натпреварите ќе го добие од интернет гигантот Apple.
„Да ми беа важни парите, ќе одев во Саудиска Арабија. Тоа ми изгледаа како многу пари, но мојата одлука е донесена поради семејството, не поради парите.” – изјавил седумкратен освојувач на Златната топка по потпишувањето на договорот со Мајами, кој го доби статусот на најплатен фудбалер во американската лига.
Messi make luxury buy in Miami
Messi has spent a whopping 7.3 million euros on apartment with sea view.Lionel Messi’s family have reportedly acquired a furnished apartment with four bedrooms, four bathrooms and sea views in a unique building Sunny Isles Beach near downtown Miami pic.twitter.com/AOoB1DcXoB
— ZB- AmpleFootball (@zurichbound) April 24, 2021