„Макеба“ песната која во моментов е хит на Инстаграм, објавена е во 2015

„Макеба“ песната која во моментов е хит на Инстаграм и сите познати инфлуенсери ја ставаат на нивните објави, е песна која е објавена во 2015 година од француската пејачка Џаин.

Осум години подоцна, песната стана светски хит со 197 милиони прегледи на Јутјуб. Нема видео на Тик ток и Инстаграм што не е придружено со оваа песна.

Таа стана популарна на овие мрежи сосема случајно, откако видеото со актерот Бил Хадер, кој некогаш танцуваше со Макеба, брзо се рашири.

Макеба во песната е Миријам Макеба, легендарна африканска пејачка која почина во 2008 година. Почнала да пее уште од детството, а станала позната по комбинирањето на традиционалната африканска музика со тогашниот светски популарен џез.

Во 1960-тите почнала да соработува со американскиот пејач Хари Белафонте, а во 1965 година станала првата црна добитничка на престижната награда Греми.

Во својата татковина стана позната по противењето на апартхејдот. По учеството во документарен филм насочен против апартхејдот, тогашната владата и го одзела пасошот и и забранила да се врати во татковината.

 

Scroll to Top