Македонскиот бодибилдер, Ивица Јанев, стана Европски Шампион во Бодибилдинг класик физик златна ера на Бодибилдинг. Тој беше прогласен и за Вицешампион, освојувајќи сребро во Бодибилдинг класик на Европското првенство кое се одржува во Санта Сузана, Шпанија.
Во првата категорија чиј натпревар се одржа вчера, 6-ти мај, Ивица го освои златото од вкупно 940 натпреварувачи, додека пак среброто на натпреварот кој се одржа на 4-ти мај го освои во конкуренција од 260 натпреварувачи.
Фитнес тренерот и бодибилдер, Ивица Јанев минатиот месец го освои „Дијамански куп“ во Србија. А освои и Трофеј во Чачак. Тој освои 6 злата и 2 титули Апсолутен победник и Про карта од 2 натпревари од интернационален карактер што се одржаа во Србија.
На Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржа во Скопје од 21-ви до 23-ти април, Ивица беше прогласен за Балкански Шампион во Бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за Бодибилдинг и Фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот.