Македонецот Здравко Дејановиќ го освои врвот Кхан Тенгри, попатно спаси и двајца алпинисти

Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ го освои највисокиот врв Кхан Тенгри на северниот дел на планината Тиан Шан, која се наоѓа на тромеѓето меѓу Кина, Киргистан и Казагстан. Планината е висока 7000 метри, а Здравко попатно им го спасил животот на уште двајца странски алпинисти.

За Здравко кој е дипломиран инженер ова е 24 искачување, а неговиот нареден предизик е Нанга Парбат во Пакистан, деветтиот највисок планински врв во светот.

 

 

 

 

Scroll to Top