Македонија ja победи Чешка и оди на Светско

By

Македонија по победата на Чешка со 27:25 во реваншот од баражот се пласираше на Светско првенство во ракомет кое наредната година ќе се игра во Полска и Шведска. Кире Лазаров и неговите избраници, со поддршката од публиката успеаа да стигнат до посакуваниот резултат.

dobivaj vesti na viber

Ова за Македонија ќе биде осмо учество на еден Мундијал, а шесто последователно. Филип Кузмановски кој беше и најдобар стрелец со девет погодоци, го даде и решавачкиот гол од пенал во поелдната минута. Својот деби погодок за сениорите го постигна и Петар Атанасијевиќ

За потсетување Македонија првиот натпревар со Чешка во средата го одигра нерешено со 24:24 и ѝ беше потребна и минимална победа за пласман на Светско.

Ќе ви се допадне