На јубилејната 40- та Балканска математичка олимпијада, Македонија оствари нов рекорд. За првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали.
Златниот медал го освои Никола Спировски, сребрениот Дамјан Давков, а бронзените Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.
Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година бил 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5-тото место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал.
„Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески и претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари проф. д-р Мирко Петрушевски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот“, информираат од Сојузот на математичари.