Средношколци од Македонија освоија три бронзени медали на Олимпијада по хемија во Цирих

Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје освоија бронзени медали на 55-та по ред Интернационална олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија. Олимпијадата започна од 16-ти јули, а се натпреваруваа средношколци од целиот свет.

Покрај нив со пофалница од Цирих се врати и Марија Петрова од „Раде Јовчевски Корчагин“. Марио учи во гимназијата „Славчо Сојменски“, Петар Мирчевски во „Мирче Ацев“, а Филип во „Орце Николов“.

Водачи им беа професорот доктор Миха Буклески, вонреден професор на ПМФ, Скопје и професор доктор Марина Стефова, која редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје.

 

 

Scroll to Top