Атлетите од Специјалната Олимпијада од Македонија освоија пет медали на Светските Специјални Олимписки Игри во Берлин. Агрон Хајредини освои златен медал во скок во далечина од место. Јулијана Петровска освои сребро во исата дисциплина, а Стефан Трпковски освои сребрен медал во пливање на 100 метри грбно. Марио Мицковски освои бронзен медал исто во пливање, но на 100 метри слободен стил.
Јане Никодиновски освои бронза во бадминтон. За потсетување, на Игрите учествуваа над 7.000 атлети од 190 земји. На Светските Специјални Олимписки Игри македонската делегација ја преставуваа тринаесет атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати.