Македонците се наоѓаат на 63-то место од вкупно 143 земји на мапата која покажува во која земја мажите имаат најголем пенис.
Просечната должина на половиот орган кај Македонците изнесува 14 сантиметри во должина и 12 сантиметри во обем, што значи дека сме малку над просекот, односно 1,4%.
Овој пат студијата беше спроведена од онлајн аптеката „Фром Марс“, која користела податоци на Гугл од 80 земји за да утврди каде се најмногу надарени мажите.
„Без разлика дали мажите се загрижени за големината или обликот, повеќето од нас во одреден момент се запрашале дали нашиот пенис е доволно голем. Големината може да има влијание врз самодовербата и сликата за себе“, вели фармацевтот Навин Косла, еден од авторите.
Србите се на 35-та позиција со просек од 14,8 сантиметри во должина и обем од 12,7 сантиметри. Бугарите имаат просек од 14,1 сантиметри и се на 57-та позиција, а со 14 сантиметри должина и 12,2 сантиметри во обем се Албанците.
Единствени под нас се Грците кои се рангирани на 128-та позиција со 12,2 сантиметри просечна должина на пенисот.
Излезе нова карта и судејќи според она што го покажува, изгледа дека мажите од Еквадор имаат со што да се пофалат. Нивната просечна еректирана големина е 17,61 сантиметар, што е за околу 10 отсто повеќе од просечната должина.
На второ место се мажите од Камерун, со големина од 16,67 см, а на третото од Боливија со 16,51.
Холандија е единствената европска земја која се најде во првите 10 на листата. Тој го дели седмото место со Кубанците (15,87 см).
Најмали пениси имаат мажите во Камбоџа или само 10,04 сантиметри, по што следуваат Мјанмар со 10,7, Филипини со 10,85, а листата ја продолжуваат Шри Ланка, Хонг Конг, Бангладеш, Тајланд.