Македонските ракометари добија милионска премија за пласманот на Европско

Македонската ракометна репрезентација, доби два милиони денари за пласманот на Европското првенство кое наредната година во јануари ќе се одржи во Германија. Македонија обезбеди настап како второпласирана во квалификациската група, зад Португалија, а пред Турција и Луксембург.

Премија од еден милион денари добија и ракометарите на Македонија до 19 години за освоеното деветто место на Светското првенство во Хрватска, кое се одржа летово. Македонските млади ракометари имаа одличен настап со пет победи и два пораза.

 

 

Scroll to Top