Македонското знаме се вееше на натпреварот меѓу Челзи и Реал Мадрид во Лига шампиони

Македонското знаме се вееше синоќа за време на натпреварот меѓу Челзи и Реал Мадрид во Лига шампиони. Знамето го вееја македонските навивачи на Реал Мадрид, познати и како „Пења мадридиста“. Сите тие уживаа на Стенфорд Бриџ и играта на нивниот омилен клуб.

За потсетување, Реал Мадрид го совлада Челзи со 3:1 во 1/4 финалето во Лига на шампиони. Сите три гола за шпанскиот тим ги даде Карим Бензема, додека за тимот од Лондон погоди Хаверц.

 

Scroll to Top