Макс Ферстапен без да знае стана новиот шампион во Формула 1, правилникот ги збуни сите

Макс Ферстапен без да знае стана новиот шампион во Формула 1. Холанѓанинот ја освои втората титула во Формула 1, по хаосот кој се случи на патеката Сузики. Дојде до титулата на неверојатен начин, затоа што правилникот направи целосна забуна.

Прво требаше да добие само половина бодови, затоа што трката не беше завршена до крајот, па потоа беше соопштено дека ќе ги добие сите поени, а потоа беше донесена одлуката за казна за Шарл Леклер, неговиот главен конкурент, кој падна од втората на третата позиција.

Тешко е да се опише што навистина се случи во Јапонија, но она што е сигурно е дека стана шампион повторно. Тоа го потврди и тој самиот во разговор со поранешниот возач Џенсон Батон, по церемонијата на победниците. Сè беше решено.

„Ова е лудило. Чувствата ми се помешани. Освојувањето на првата титула не ни можев да го замислам, а оваа година навистина уживав. Ви благодарам на сите, на целиот тим кој ми помогна. Го направивме болидот побрз и напредувавме од година во година. Навистина неверојатно. Сакам ваков притисок“, рече Ферстапен.

Следната трка ќе се вози во Остин во Америка, каде Макс требаше и официјално да ја освои титулата. Но, сепак тоа се случи во Јапонија. Што точно се случило, како правилникот ја направи целата оваа забуна, веројатно ќе биде објаснето во наредните денови. Што се однесува до самата трка, Ферстапен заврши како прв, Леклер втор, Перез трет, но по споменатата казна дојде до ротација на позициите два и три.

 

Scroll to Top