Младиот фудбалер Давид Лазаров кој е по потекло од село Чанаклија во Македонија, а е роден и живее во Асти, Италија, потпиша договор за италијанскиот калчолигаш Торино.
Лазаров претходно настапуваше за второлигашот Алесандрија, каде како капитен ја предводеше екипата на голем број турнири во Италија, а истиот е избиран и за најдобар играч на турнирите.
Досега за него голем интерес покажаа и големите италијански клубови, меѓу кои и најтрофејниот Јувентус.