Мартин и Стефан – бренд амбасадори на Renault

• Брендот Renault со задоволство ви го најавува новото поглавје – Renaulution кој започнува со целосно новиот иновативен и импресивен Е-tech SUV Austral;
• Бендот Next Time ќе го промовира најдоброто од хибридната технологија од францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на Renault E-Tech.

„Новиот Renault Austral не освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како и ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна.
Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот”, изјави Мартин Филиповски.
Renault започна амбициозна трансформација која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи.
Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата:
– 100% Хибрид без потреба од полнач на струја;
– Силуетата на целосно новиот Austral е видливо атлетска – спортска во верзијата „Esprit Alpine“;
– Првиот модел во гамата на Renault што ги користи сите предности на новата CMF-CD платформа на Алијансата;
– Мултимедијален систем OPENR – 774 cm2 интуитивна технологија;
– Врвен звук Harman Kardon – технологија со опкружувачки звук со 12 звучници;
– Клиентите можат да изберат од новиот E-TECH Hybrid мотор (до 200 КС), нов 48 V Mild Hybrid Advanced мотор (130 КС) или 12 V благ хибриден мотор (140 КС или 160 КС). Сите овие опции доаѓаат со технологија за електрификација и еколошки карактеристики дизајнирани за максимална енергетска ефикасност, комбинирајќи уживање во возењето со намалена потрошувачка и емисија на CO₂;
– Напредна технологија 4CONTROL Advanced;
– Инкорпорира 32 напредни системи за помош на возачот (ADAS).


Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time комплетно соодетствува со целосно новиот Austral – SUV кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина.
Моделот Austral e веќе изложен во салонот на Renault со промотивна цена од 29.450 евра и е достапен за тест возење.
Повеќе детали за моделот може да најдете на следниот линк: https://www.renault.mk/cars/austral-hhn-ph1-en/pocetna.html

Scroll to Top