Мартина Димоска е првата Македонка која стана аналоген астронаут. Димоска не е само првата жена од Македонија туку и на Балканот која учествувала во симулации за вселенски мисии.
Димоска преку социјалната мрежа Инстаграм откри дека била дел од симулацијата на мисија на Марс која ја финансира НАСА, а со тоа станала и првиот аналоген астронаут од Македонија.
„Научниот офицер Мартина Димоска Н.1403 на Сол 4 на „Марс“ изведува EVA (Extravehicular Activity) во NDX-2 AT Space Suit (внатрешно познат како Blueberry). Наспроти сите шанси, Димоска стана првата балканска жена аналоген астронаут, првиот македонски аналоген астронаут и првата во земјите од поранешна Југославија, вклучувајќи ги и соседите како Албанија, Косово и Бугарија“, стои во описот на фотографијата.
Аналогните мисии се важни за истражување на вселената и тоа е начинот на кој астронаутите тренираат за претстојните вселенски патувања.
„Тие нè подготвуваат за краткорочно и идно истражување на астероиди, Месечината, Марс и пошироко. Аналозите играат значајна улога во решавањето на проблемите за истражување на вселенски летови. Не можат да се направат сите експерименти во вселената – нема доволно време, пари, опрема и работна сила“, напиша Мартина.
Мартина за време на симулацијата на мисијата на Марс во Северна Дакота, САД, била облечена во скафандер со цел да се подготви за идните вселенски мисии и како да се соочуваат со предизвиците.
View this post on Instagram