Матеј и Леонид освоија прво место на меѓународен натпревар на НАСА

Матеј Крстески и Леонид Индов освоија прво место на меѓународниот натпревар „НАСА спејс апс челинџ“. Тие го анализирале и проучувале движењето на Меѓународната вселенска станица.

Признанието и првото место за апликацијата на Матеј и Леонид им овозможи да го посетат НАСА Кенеди Центарот во Флорида, каде таму имале можност да се запознаат со експерти и научници од вселенската индустрија.

Стекнатото знаење и успешната приказна, изминатите недели Матеј и Леонид ја презентирале пред учениците од ООУ „Александар Македонски“ во Општина Аеродром.

Победниците се сретнаа со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„За мене големо задоволство е кога помагаме на младите од Аеродром кои постигнуваат успеси во областа на образованието, спортот и науката. Тие успеси ги прават меѓународни амбасадори на Аеродром и Македонија, а со нив шират позитивно влијание и се вистински пример за своите врсници“, рече Муцунски.

Scroll to Top