Маж и жена од Шведска сакаат да го укинат хитот „Ласт Крисмас“, а видеото да заврши на депонија

Популарниот божиќен хит на Wham!, Last Christmas, изнервира шведски пар кои почнале да собираат пари за да ги купат правата на песната и целосно да ја уништат.

Писателот Томас Мазети и неговата сопруга сликарка Хана досега собрале 60 илјади долари, пишува Дејли мејл.

Хана откри како почнала да ја мрази песната пред околу 13 години, кога работела во кафуле во Оксфорд, каде што нејзиниот шеф без престан ја пуштал.

– Сопственикот на кафулето сакаше празнична атмосфера, па подготви специјално ЦД. Но, тој не беше сведок на агонијата на нас кои работевме и го слушавме Last Christmas 111 пати – рече таа.

Минатиот Божиќ на своите пријатели им ја признала омразата за песната Last Christmas и изјавила дека е подготвена да плати за никогаш повеќе да не ја слушне песната.

– Тогаш некој рече дека теоретски е можно да се купат правата на песната и да се преземе од сите стриминг сервиси – додала таа.

Ова ја поттикна овогодинешната кампања за собирање средства, а досега се јавија 327 луѓе, кои собраа вкупно над 60.000 долари. Но, им претстои долг пат, со оглед на тоа дека правата на таа песна ги поседува Warner Chappell Music UK и дека правата на популарната песна чинат околу 20 милиони долари.

Томас и Хана имаат три деца, Август, Џулијан и Ада, кои исто така се приклучија на мисијата. Нивната цел е да соберат 15 милиони долари со цел да започнат преговори со Chappell Music UK. Тие потоа планираат да ја фрлат лентата во депонија за нуклеарен отпад во Финска каде што ќе остане недопрена во следните два милиони години.

Scroll to Top