Маж излезе од редот и се залета кон ковчегот на кралицата сакајќи да ја допре, полицијата го уапси во Вестминстерската сала

Голем скандал изби во петокот вечерта во Вестминистерската сала, откако непознат маж оддеднаш се залета кон ковечгот на кралицата Елизабета Втора, сакајќи да ја допре. Тој успеа да го допре само ковчегот пред полицијата д аго уапси.

Скандалот се случи околу 22 часот, пред стотина луѓе кои чекаа и со часови за да и оддадат почит на починатата британска кралица Елизабета Втора. Откако мажот излезе од редот одма настана хаос и паника меѓу останатите. Веднаш беше уапсен за загрозување на јавниот ред и мир.

На сите им е одобрено да ѝ оддадат почест на починатата кралица, но луѓето во просек чекаа и по повеќе од 12 часа за да можат да се доближат до ковчегот. Се формираа големи редови пред Весминстерската сала. За последен пат од кралицата се простија и од нејзиното семејство.

Меѓу нив беа нејзините деца кралот Чарлс Трети, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард.

Scroll to Top