Канадската пливачка Мери Софи Харви објави потресна приказна од Светското првенство во Будимпешта минатиот месец и тврди дека била дрогирана.
По освојувањето на бронзениот медал во дисциплината четири пати на 200 метри делфин, Харви објави дека мисли дека била дрогирана бидејќи не се сеќава на цели шест часа. Таа тврди дека се разбудила во хотелската соба без свест, телото ѝ било покриено со модринки и имала изместено ребро, а не се сеќава како завршила во таа состојба.
„Долго време се двоумев дали да го објавам ова, но доста молчев“, напиша таа во потресната објава на Инстаграм.
„Некој ме дрогирал на последниот ден од Светското првенство. Единствено што се сеќавам од таа вечер е дека следното утро се разбудив целосно изгубена. До мене беа менаџерот на тимот и докторот. Се сеќавам на прославата и ништо по тоа. Во тие четири до шест часа имам црна дупка. Единствено што можам да кажам е дека никогаш не сум се чувствувала толку непријатно. Кога дојдов дома, мајка ми ми рече дека изгледам различно и јас се почувствував лошо“, напиша таа.
View this post on Instagram
Канадската пливачка Мери Софи Харви раскажа дека не си го чувствувала телото, а кога ги погледнала нозете имала модринки. Пријателите ѝ раскажувале дека ја носеле затоа што била во бессознание.
„Тоа не ме утеши. Се утврди дека имам истегнување на реброто и благ потрес на мозокот. Тоа ми помогна да излечам некои од моите стравови, но не сите. Има многу вакви случаи за кои не се зборува. Внимавај ова да не ти случи тебе. Сè уште го чувствувам стравот затоа што не знам што се случило таа ноќ. Се обидувам да ја најдам таа ‘среќна Мери’ која живееше пред таа ноќ. Се срамам од сè што се случило и секогаш ќе ми биде“, напиша канадската пливачка.
View this post on Instagram