Мислев ќе ме претепаат во затвор, а тие ме замолија да играм фудбал со чуварите, Роналдињо првпат зборуваше за дружењето со затвореници

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо во 2020 година мина пет месеци во затвор во Парагвај. Бразилецот го затворија со брат му, затоа што сакал да влезе во земјата со фалсификуван пасош.

Рече дека времето минато во затвор нема никогаш да го заборави, затоа што не можел да поверува што го дочекало. Роналдињо важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Надвор од теренот беше голем боем. Уживаше во жените, алкохолот, а неколкуте лоши бизнис зделки го чинеа банкрот.

Во 2020 година се обиде од Бразил да побегне во Парагвај. Имаше проблеми со законот поради нелегална експлоатација на шуми. Му беа одземени пасошите од Бразил и Шпанија, а потоа преку ноќ доби пасош од Парагвај, со кој се обиде да влезе во земјата.

На крај се испостави дека е лажен. Со брат му завршија зад решетки и таму мина пет месеци. За престојот не зборувае. Сепак она што го откри покажа дека имал посебен третман иако околу него имало убијци, силувачи и сторители на тешки кривични дела.

„Кога влегов внатре мислев дека ќе ме претепаат и дека ќе ми ги прават сите оние грозни работи кои ги прават во затвор. Но, наместо тоа затворениците одма ги викнаа чуварите да им побараат топка за да им покажам трикови и ги забавувам. Веќе наредното утро игравме пет на пет против нив“, рече Роналдињо.

Неговата екипа секогаш победуваше. Незапирлив бил на теренот, а имало и награда. На еден од турнирите на крајот освоил печено прасе.

Роналдињо за потсетување, голем дел од кариерата ја мина во Барселона, а играше и за Пари Сен жермен и Милан. Надвор од терените беше познат по бурниот живот и лудните ноќни помини. Често се случувало на тренинзите да дојде пијан, но и во таква состојба ги надигруваше противниците.

 

 

Scroll to Top