Модна ревија на дизајнерката Бети Петковска, лице со Даунов синдром: Ми се оствари сонот

Модната дизајнерка Елизабета Петковска,  е лице со Даунов синдром следејќи ја својата визија подготви сопствена модна ревија. Со ова таа покажа дека Дауновиот синдром не е пречка сонот да стане јавност. На модната ревија таа ги прикажа своите грижливо изработени креации и беше вистински мелем за душа се она што се случи на модната писта.
Елизабета беше потпомогната од модното ателје „Per Sempre“ и ателјето за накит од филигран My Precious. Таа преку своите креации покажа висок квалитет и уметничко творештво во рамки на модната ревија „Јас Бети – Сонот се остварува“.
Scroll to Top