Единаесетгодишниот Лука Ристановски кој има аутизам, на 14 декември ќе пее на детскиот фестивал „Тра ла ла“. Со песната со која ќе настапи „Како сите други“, тој порачува: ние не сме аут, само знаеме понекогаш во себе да се скриеме. ..
Лука има 11 години, живее со своето семејство во Битола и има аутизам. Заради аутистичниот спектар на нарушувања на Лука, освен детскиот џагор, му пречи и звукот од сирените на возилата и лаењето на кучињата.






