
На 25 март, со почеток во 20 часот во Културно-социјалниот простор ЦЕНТАР–ЈАДРО ќе биде отворена самостојна изложба на Моника Десоска „Моменти низ времето“. Изложбата може да се посети од 25 март до 2 април, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот
Моника Десоска и се претставува на ликовната публика со серија на дела од циклусот „Моменти низ времето”. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање. Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење.
Го буди копнежот, носталгијата во нас и ни помага да ја согледаме животната трансформација. Тајни скриени длабоко во мислите, ги евоцираат спомените, ги потикнуваат соништата и ја будат надежта. Делата сведочат за детските мечти, безгрижните дни, за едно време кое душата ја храни. Драматичните промени и носталгичните импулси, го откриваат уметниковиот сензибилитет преточен низ играта на изразениот констраст. Препознатливата нота на тактилниот допир, ја рекреира нераскинливата врската на нејзиниот слободен дух со природата. Централната композиција го акцентира дејствието и не повикува заедно да го започнеме самооткривањето. Динамиката на просторот, формата, палетата на бои и раскошната тактилна вредност, ги интригира сетилата на набљудувачот и ја буди неговата љубопитна природа. И како што самиот уметник вели “ Портата на тишината не чека…..”
Текст на Ана Јосифовска
Моника Десоска (1973 Прилеп) во 1997 дипломирала на ФЛУ во Скопје. Живее и работи во Скопје. Награда: 2002 Награда „Љубомир Белогаски“, за успешна изложба за проектот „Простор“ реализиран во 2001 година во Музејот на град Скопје, Скопје Самостојни изложби: Патување низ непознатото…, НУ Музеј Куманово –Уметничка галерија, (2023 Куманово), Живееме, танцуваме, тагуваме…, НЛБ банка, (2019 Скопје), Живееме, танцуваме, тагуваме…, Дом на АРМ, (2018 Скопје), НУ Центар за Култура, (2018 Прилеп) Ликовен Салон, (2018 Велес), Минијатури, НУ Центар за Култура, (2010 Прилеп), Светлосна инсталација, Повеќедимензионални Светови, Мала станица, (2009 Скопје), Минијатури, Работилница, (2006 Белград, Србија), Видео инсталација, Трчање во круг, Простор 2, Чифте Амам, (2004 Скопје) Видео инсталација, Барајќи го дното, Културен центар, (2003 Анталија, Турција), Перформанс, Човек и простор, Музеј на современата уметност, (2002 Скопје), Простор, Музеј на град Скопје, (2001 Скопје), Духовен простор, Уметничка галерија, (1997 Прилеп), Од лице до простор, Уметничка галерија, (1997 Битола), Поглед кон надвор, Дом на култура, (1992 Прилеп).
Текстот „Моменти низ времето“, самостојна изложба на Моника Десоска е превземен од МАКФАКС.






