На Фарските острови се одржа традиционално убиство на 78 китови

Британскиот оператор за крстарења Ambassador Cruise Line се извини откако патниците на нивниот брод Ambition беа сведоци на традиционалното убиство на 78 китови.

Во бруталниот чин учествувале жители на Фарските Острови, данска автономна провинција. Споменатиот брод само што се закотвувал на пристаништето во главниот град Торшавн додека таму се одвивал крвавиот летен лов.

„Ние сме крајно разочарани што ова се случи по неколку недели неуспешни обиди за конструктивен дијалог со владата на Фарски Острови. Ние продолжуваме да ги едуцираме нашите патници и членови на екипажот – ние силно се спротивставуваме на какво било профитерство од комерцијален лов на китови и делфини и затоа ги повикуваме да не да купуваат и да не го јадат нивното месо.

Бевме ужасно разочарани што овој лов се случи додека нашиот брод беше во пристаништето. Ние силно се спротивставуваме на оваа застарена практика и од 2021 година тесно соработуваме со нашиот партнер, ORCA, добротворна организација посветена на проучување и заштита на китовите и делфините во британските и европските води, за да поттикнеме позитивни промени.

Одржливоста е една од основните вредности на Ambassador Cruise Line и ние сме целосно свесни дека присуството на овој локален настан ги вознемири повеќето гости на нашиот брод. Според тоа, би сакале искрено да им се извиниме за секое непотребно вознемирување“ – напиша компанијата на Твитер.

Во неделата во близина на Торшавн беа убиени 78 пилот-китови. Многумина веруваат дека линиите за крстарење треба целосно да ги бојкотираат Фарските Острови доколку навистина сакаат да ги притиснат да го прекинат ловот на китови, пишува Дејли мејл.

Гриндадрап, како што го нарекуваат локалното население на Фарски, вклучува пасење на китови и делфини во плитки заливи каде потоа се убиваат насуканите животни. Оваа традиција датира пред 1.100 години, а многу жители на островот ја сметаат за дел од нивното културно наследство.

Островските власти велат дека денеска ја регулираат оваа практика и бараат учесниците да поминат одредена обука. Употребата на харпуни и копја е забранета, а китовите се изнесуваат на брегот и се убиваат пред гледачите. На насуканиот кит му била отсечена грбната перка, отсечен ‘рбетот и откриени артериите, што предизвикало огромен проток на крв низ плажата во морето. Месото и маснотиите на животните потоа се користат како храна, а мастите може да се преработат и за медицински цели.

Scroll to Top