Според последните анализи кои ги направиле научиците, на Месечината има огромни резерви на вода. Особено во таканаречените области, стаклени зрна.
„Тука може да има милјиарди тони вода, што астронаутите би можеле да ја искористат во некоја идна мисија на Месечианта“, велат научниците, а пренесе „Гардијан“.
Додаваат и дека на Месечината може да има не само извор на вода, туку и на водород и кислород. Ова откритие се смета за едно од најважните досега за вселенските агенции кои во иднина имаат намера да изградат бази на Месечината.
„Ова е едно од највозбудливите откритија што сме ги направиле. Со овие наоди, потенцијалот за одржливо истражување на Месечината е поголем отколку што бил досега“, рече Махеш Ананд, професор по планетарна наука и истражување на британскиот Отворен универзитет во близина на Лондон.
За потсетување, повеќе од половина век откако луѓето последен пат оделе на Месечината, НАСА и другите вселенски агенции се подготвуваат да се вратат на Месечината.