Над 33.000 предмети од лондонската куќа на Меркјури ќе се продаваат на аукција

Повеќе од 30 години, домот на Фреди Меркјури во Лондон беше недопрен, светилиште на легендарната суперѕвезда на рок-бендот „Квин“, кој почина во 1991 година на 45-годишна возраст.

Сега неговата содржина – од блескави сценски костими на Меркјури и рачно напишани стихови до слики и прекрасните предмети собрани на неговите патувања – беа изложени во Лондон, Њујорк, Лос Анџелес и Хонг Конг, а следниот месец ќе бидат на продажба. Над 33.000 предмети од лондонската куќа на Меркјури ќе се продаваат во аукциската куќа „Сотби“ во септември.

Scroll to Top