Црвената боја ја симболизира пролеаната крв на Исус Христос за време на мачењето и распнувањето на Велики петок. Првото јајце, мора да биде црвено, додека за останатите, вие одлучувате.
Денес постојат многу техники за вапсање на велигденските јајца, а повеќето од нив вклучуваат вештачки бои. Меѓутоа, ако преферирате природни варијанти, постои начин како да добиете убава црвена боја без никаква хемија.
Сок од цреша
Ако сакате вашите црвени јајца да имаат исклучително интензивна црвена боја, користете сок од цреша. Постапката е иста како и кај кромидот – во шерпа ставете јајца, прелијте ги со сок од вишни, малку сол и оцет. Во сокот сварете ги јајцата и оставете да се изладат.
Можете исто така да користите цвекло
Постапката е иста како и кај сокот од цреша. Ако сакате понежни нијанси на црвено, разредете го сокот со малку вода.