Експертите од Гинисовата книга на рекорди го прогласија Пат за најстар глушец на светот во заробеништво, во зоолошката градина во Сан Диего. Женка таму живее повеќе од девет години.
Пат има точно девет години и повеќе од 210 дена и е ѕвезда во зоолошката градина. Името го добила по актерот на „Ѕвездени патеки“ Патрик Стјуарт.
Пат е калифорниски џебен глушец, кој има торбички на образите за собирање храна и има крупно крзно. Таквите глувци живеат во Мексико и САД и се сметаат за најмалиот вид на глувци во Северна Америка.
„Таа разлика е и симбол за препознавање на еден вид глувци со кои јавноста не е доволно запознаен бидејќи тие не се доволно харизматични“, изјавил помошникот директор на зоолошката градина Дебра Шеер.
Според неа, овие глувци се подеднакво неопходни за функционирањето на екосистемот. Овие мали глодари играат клучна улога во нивните екосистеми со растурање на растителни семиња и поттикнување на нивниот раст со копање.