Најстариот ресторан во светот се наоѓа во Мадрид

Ресторанот „Ботин“ во Мадрид е основан 1725 година, а во Гинисовата книга на рекорди е признаен како најстар ресторан во светот. Една од најуникатните карактеристики на ресторанот е неговата печка, која постојано работи речиси 300 години.

„Тоа е нашиот скапоцен камен. Никогаш не ја исклучуваме. Мора да биде жешка навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучуваме. Внатре има посебна арома, навистина е неверојатна“, вели заменик-менаџерот на „Ботин“, Луис Хавиер Санчез, кој работи во ресторанот повеќе од 45 години.

Ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи. Иако Санчез ја опишува винската визба како „историја што дише“ на некој начин, храната има цел да има вкус на историјата, а секој готвач учи од својот претходник и потоа ги пренесува рецептите на следната генерација.

„Нашите рецепти се многу стари, откога нашите дедовци го основале ресторанот и оттогаш останавме верни на тие рецепти“, додаде тој.

Но, ресторанот „Ботин“ не е целосно заглавен во минатото, има интернет-страница и ги има сите потребни профили на социјалните мрежи, пишува магазинот „Фуд енд вајн“.

Ресторанот постои и на „Трип адвајзер“ каде што луѓето оставаат и духовити коментари: „Слушнав дека ова место го достигна својот врв во 1831 година“.

Scroll to Top