Напишала есеј „Како да го убиеш сопругот“ и го објавила на интернет, ја осудиле на доживотен затвор

Американската писателка Ненси Крамптон Брофи која напишала есеј, како да го убиеш сопругот, е осудена на доживотен затвор за убиството на нејзиниот маж. Судот ја обвинил и осудил затоа што оценил дека сакала да го добие животното осигурување од 1,5 милиони долари

Оружјето за кое рекла дека го набавила за истражувањето за новиот роман, никогаш не било најдено. Нејзиниот сопруг, бил готвач и почитуван учител во Кулинарскиот институт во Орегон.

Тој бил најден на подот од училницата во сега неактивниот институт каде што работел во јули 2018 година. Бил застрелан двапати.

Безбедносните камери покажале дека за време на убиството Ненси се возела во тој крај. Авторката чија серија на романи, Wrong Never Felt So Right, го вклучува и „Погрешен сопруг“ и „Погрешен љубовник“, тврди дека не се сеќава дека во тие моменти била таму.

Вели дека ако била, тоа било само за да добие инспирација за својот роман. Нејзините адвокати минатиот месец поднеле жалба на пресудата. Тие на судот му рекле дека иако имале финансиски проблеми, двајцата минале толку години заедно што немало смисла сега да го убие.

„Кој е мојот мотив? Тоа е моето прашање“, му одговорила Ненси на обвинителот за време на судењето, а тој ѝ вратил: Уредникот на ова би се насмеал и би ви рекол: „Мислам дека треба да работите на оваа приказна, имате големи дупки во неа“.

Нејзиниот блог пост „Како да го убиеш својот сопруг“ сè уште е достапен на интернет, а во него се зборува за методите и мотивите за справување со несаканиот сопружник.

Меѓу нив се споменува и финансиската добивка и употребата на огнено оружје, а со напомена и дека пиштолите се бучни, неуредни и бараат да се има одредени вештини.

„Но, она што со сигурност го знам за убиството е дека секој од нас може да го направи тоа, само му треба доволно силен мотив“, пишува во есејот.

 

 

Scroll to Top