НАСА првпат избра жена за астронаут која ќе биде дел од четиричлениот екипаж што ќе замине на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА за прв пат избра жена и Афроамериканец за астронаути за лунарната мисија како дел од четиричлениот тим кој ќе учествува идната година во првиот лет со екипаж околу Месечината по повеќе од 50 години. Артемида 2 ќе биде првиот лет со екипаж, но не и првото слетување на Месечината, во рамки на програмата за наследник на Аполо, чија цел е да ги врати астронаутите на површината на Месечината оваа деценија.

Кристина Кох, инженерка која веќе го држи рекордот за најдолг континуиран лет на жена во вселената, е избрана да учествува во мисијата Артемида 2, каде пилот ќе биде Виктор Гловер, припадник на американската морнарица.

Гловер, кој учествуваше на вториот лет на капсулата Crew Dragon на SpaceX, ќе стане првиот афроамерикански астронаут некогаш испратен на патот за Месечината.

Останатите двајца членови на екипажот се Џереми Хансен, првиот Канаѓанец некогаш избран да лета на Месечината, и Рид Вајсман, ветеран на Меѓународната вселенска станица, кој е именуван за командант на мисијата Артемида 2.

Екипажот беше претставен на прес-конференција во Хјустон во вселенскиот центар Џонсон, базата за управување со мисијата на НАСА.

Артемида 2 ќе биде првиот лет со екипаж, но не и првото слетување на Месечината, од програмата за наследник на Аполо, која има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината подоцна оваа деценија и на крајот да воспостави одржлива станица таму, која ќе биде отскочна даска за идните луѓе кои ќе бидат испраќани да го истражуваат Марс.

Scroll to Top