Наставничка организирала тепачка на ученици во школо

Полицијата на Флорида уапси наставничка која организирала тепачка на ученици во нејзината училница. Ејнџел Футман (23) наводно им дозволувала на учениците да се удираат меѓу себе, додека таа ги гледала. Понекогаш им велела да не се снимаат и да бидат тивки за да не привлечат внимание.

Неколку ченици од шесто одделение го известиле директорот на школото во Талахаси, дека Футман ја претворила училницата во боксерски ринг. На наставничкиот персонал им покажале и неколку видеа на кои се гледа Футман како седи мирна додека учениците се тепаат.

Не им дозволувала само да се влечат за коса и секој можел да удира по само 30 секунди. Футман ги негираше сите обвиненија дека ги организирала тепачката и додаде дека само не ги пријавила иако ги забележала. Против неа е подигнато обвинение по четири точки за допринес на малолетничка деликвенција.

 

Scroll to Top