Елизабет Сузан Бејли од Северна Каролина САД, која е осомничена за силување на дете е ослободена со кауција ѝ е ставена во домашен притвор, пренесуваат светските медиуми.
Таа продолжила да има секс со еден од своите ученици и додека била во притвор. 36 годишната Бејли ја канела жртвата кај неа дома. Од канцеларијата на шерифот, во округот Иредел, велат дека е обвинета за силување на лице помладо од 15 години и за сексуална активност со ученик.
Полицијата ја пуштила од притвор со кауција од 75.000 долари, а од 1. август е во домашен притвор. „Иредел Фри Њуз“ извеси дека нивните средби продолжиле и покрај тоа што еден од условите за нејзината кауција бил да се држи настрана од жртвата.
Наместо тоа, го поканила кај неа дома девет пати. Полицијата подигнала уште 27 нови обвинувања, по нејзиното апсење во петокот. Обвинета е по девет точки за допринес на деликвенција на малолетници, девет точки за заплашување на сведок и девет точки од обвинението за кривично дело кршење на ослободувањето пред судење.
Полицијата не откри колку години има ученикот. Судот сега ѝ одреди на Бејли кауција од 800.000 долари, за повторно биде пуштена од притвор пред судењето. Од школото ја суспендирале по обвинувањата дека имала сексуален однос со ученикот.