Јована Митровиќ е студентка по архитектура која пред шест месец положила за Ц категорија и оттогаш не ја пропушта можноста по завршување со обврските за факултетот да оди на градилиште со камион или багер.
Јована станува рано наутро, оди на предавања на факултет, а потоа оди на градилиште каде што обично завршува до доцна навечер. Таа ги вози сите работни машини во зависност од ситуацијата и потребите на градилиштето.
Таткото на Јована, Гора Митровиќ, е сопственик на фирмата за градежништво и вели дека е среќен што неговата ќерка учествува во семејниот бизнис. Таа уште како мала при прво влегување во багерот се заинтересирала за сите можни опции што ги има.
Иако Јована има само 21 година, таа е веќе искусен возач. Кога ќе ја видат на багер, реакциите се секогаш позитивни, рече Јована.