НБА-лигата целосно ќе го повлече дресот со број 6 во чест на Бил Расел

НБА ќе го повлече дресот на со број шест од целата лига на неодамна починатиот кошаркар Бил Расел во знак на почит. Најтрофејниот кошаркар и легенда на Бостон Селтикс почина минатиот месец на 88 години.

Дресот со бројот кој го носеше овој кошаркар повеќе нема да се издава на нови играчи, додека кошаркарот Леброн Џејмс кој е активен кошаркар и го носи бројот шест и понатаму може да го користи.

Бил Расел во својата кошаркарска кариера има освоено 11 шампионски титули и пет пат беше прогласен за МВП за време на 13 – годишната кариера во Бостон. Исто така беше капитен на селекцијата на САД кога го освои олимпиското злато во 1956 и подоцна стана прв црн тренер во лигата.

Расел е првиот играч во чија чест се повлекува еден број од целата лига.

Scroll to Top