На социјалните мрежи се појави фотографија која наводно била направена во зградата на фондот на ПИО во Мостар. На маж му било забрането да влезе во зградата бидејќи носел шорцеви.
„Стигнав пред зградата, на влезот ме пречека обезбедување. Ми рече: „Господине, не можете да влезете, не сте соодветно облечени“, изјавил за 24сата мажот од Мостар, кој стана вистински хит поради тоа што го направил потоа.
„Отидов во првата продавница и купив фустан. Се вратив во зградата и го прашав дали можам да влезам сега. Ме погледна и рече дека можам“, со насмевка раскажал мажот од Мостар кој со вториот обид влегол во зградата на Сојузниот завод за пензиско и инвалидско осигурување.
Pobjednik dana lik u Mostaru koga nisu htjeli pustiti da uđe u zgradu PIO u šorcu. U butiku preko puta kupio haljinu i sve ok⬇️ pic.twitter.com/zlFeEWZmCn
— gospodar_pršljenova (@okleznam) July 11, 2023