Неделен хороскоп од 1 до 7 мај: нова фаза во животот за ракот, чекор назад за вагата за оставрување на похрабри цели

Овен
Вашата роденденска сезона е зад вас, а сега минувате низ период на трансформација. Оваа недела, лунарната еклипса во Шкорпија носи сосема ново ниво од вашата трансформација, особено на темите поврзани со интимноста и финансиските прашања. Соочете се со чувствата кои ги имате и бидете гласни. Ретроградниот Плутон е во вашиот сектор на пријателствата и социјалните мрежи. Тоа за вас значи дека ќе треба да направите евалуација на вашите пријателства.

Бик
Биковите се во својата роденденска сезона, оваа седмица. Животот не е сосема розов, но вие блескате со самодоверба и верувате во себе. На 5 мај ни доаѓа лунарната еклипса во Шкорпија која го активира вашиот сектор на брак и партнерства. Време  е да се соочите со своите сенки и да сфатите што точно сакате. Венера ги поминува последните шест дена во Близнаци, а нејзината енергија ви носи љубопитност и енергија.

Близнаци
За Близнаците ова е полесна недела која ви носи потреба за анализа на себеси, но и другите луѓе околу вас. Лунарната еклипса во Шкорпија на 5 мај ќе биде интензивна, а за вас го активира вашиот сектор на здравјето и ве прави поопсесивни од вообичаено. Пробајте да утврдите каде лежи вашата опсесија наместо да се преправате дека ништо не се случило. Оваа недела, Плутон во започнува своето петмесечно ретроградно патување и во комбинација со вашиот владетел Меркур, ве навраќа кон минатото. Не дозволувајте да минувате премногу време, мислејќи “ што би било кога би било”.

Рак
Оваа недела, моќната лунарна еклипса во Шкорпија во осветлува вашиот сектор на судбината, славата и вистинската љубов. Можеби ова е моментот кога треба да се насочите кон работите кои ви значат. Направете го чекорот кој досега ви носеше страв, а со оваа лунарна еклипса ќе ви донесе храброст. Плутон почнува да се движи ретроградно оваа недела и го осветлува вашиот сектор на длабочина и интимност во следните пет месеци. Тоа ќе ви донесе нова фаза во вашиот живот. Но, бидејќи Меркур е ретрограден во овој момент, потрудете се да не се навраќате на луѓето од вашето минато.

Лав
Едвај земавте здив од соларната еклипса од пред некоја недела, а сега ни доаѓа лунарната еклипса на 5 мај. Таа го осветлува вашиот сектор на домот и семејството, што може да ви донесе соочување со некои трауми од минатото, да ви донесе важни разговори со вашите најблиски или пак да ви донесе ново поглавје на ова поле. Вие сте светлината во животот на секоја личност околу вас, но движењето на ретроградниот Плутон во Водолија може да ви донесе потреба да бидете сами. Тоа ви носи период на метаморфоза, погледнете во себе, таму лежи најголемата вистина.

Девица
Без оглед на тоа дали го сакате тоа или не, оваа недела под светлината на лунарната светлина во Шкорпија, се навраќаат некои емоции кои претходно сте ги занемариле или избегнувале. Со оглед на тоа дека вашиот владетел Меркур е ретрограден во овој период, разговарајте со некој кој ќе ве разбере и кој ќе ве ислуша добро. Почетокот на ретроградното движење на Плутон во Водолија ви носи сигнал и потреба да се насочите кон своите пријатели. Изминатиот период преземавте премногу обврски, но сега е време да им дозволите на другите да преземат дел од вашиот товар.

Вага
За родените во овој знак, лунарната еклипса во Шкорпија го осветлува секторот на финансии и самодоверба. Затоа, важно е да избегнувате да носите важни финансиски одлуки, особено и поради тоа што Венера ги минува последните шест дена во тешко одлучливите Близнаци. Оваа недела, Плутон го започнува и своето ретроградно патување во Водолија што ќе ви даде можност да направите чекор наназад и да поставите нови цели, на похрабар начин.

Шкорпија
Лунарната Месечина на 5 мај е во вашиот знак, а таа ве повикува да ја преземете контролата над вашиот живот и да бидете бестрашни. Оваа недела, Плутон во започнува своето петмесечно ретроградно патување во Водолија  што може да ви донесе интензивни емоции, но кога и да почувствувате тешкотија, препуштете се на полесната и спонтана енергија на престојот на Венера во Близнаци. Ова е полесно да се направи отколку да се каже, што значи дека треба да се подготвите за недела на измешани емоции.

Стрелец
Големи се шансите оваа недела да не бидете толку расположени и енергични. Можни се чести промени на расположението, но и поспаност. Лунарната еклипса го активира вашиот сектор на краеви и излекување, што има за цел да ви помогне да се ослободите од минатото и да тргнете во нова перспектива. Целта на овој транзит е да ви помогне да се ослободите од внатрешните и надворешните блокади. Венера минува уште една недела во Близнаци, што може да ви донесе и значително поголема духовност. Ако ви е тешко, не морате да минувате низ овие транзити сами. Побарајте помош од најблиските.

Јарец
Оваа лунарна еклипса во Шкорпија на 5 мај, ве повикува да бидете трпеливи набљудувачи. Луѓето околу вас веројатно се однесуваат нерационално, но со оглед на тоа дека со вас владее одговорниот Сатурн, вие успевате да останете рационални и воздржани. Ова ќе ви помогне лесно да ги прифатите брановите на промени кои ги носи еклипсата. Веројатно ќе почувствувате промена во енергијата која Плутон ќе почне да се движи ретроградно во Водолија на почетокот на неделата. Тој е планета на трансформацијата, а кај вас го активира секторот на финансиите. Следните месеци, вашиот пристап кон финансиите драстично ќе се промени.

Водолија
За Водолиите, ова е значајна недела. Плутон кој беше во вашиот знак од 23 март, сега почнува да се движи ретроградно. Тоа може да ви донесе ситуации во кои ќе се соочите со некои препреки од минатото, но ќе бидете поттикнати да погледнете на нив со нова перспектива. Со почетокот на лунарната еклипса во Шкорпија на 5 мај, очекувајте да добиете некакво важно признание или награда. Тоа е поврзано со соларната еклипса од 25 октомври 2022 година.

Риби
Како се чувствувате? Лунарната еклипса во Шкорпија ќе ја поттикне вашата имагинација оваа недела и ќе ве однесе во расположение во кое ќе сонувате. Ќе ви биде тешко да се посветите на секојдневните практични работи, особено со почетокот на ретроградното движење на Плутон во Водолија што ќе влијае на вашиот сектор на духовноста.

Scroll to Top