Новак Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија Опен“, укината му е тригодишната суспензија

Еден од најдобрите светски тенисери Новак Ѓоковиќ ќе има можност да игра на следниот турнир „Австралија Опен“ и да се бори за 22 гренд слем титула во кариерата. Некои од австралиските медиуми пренесоа дека тригодишната суспензија му е укината.

Harlad Sun пренесе дека австралиските власти одлучиле да ја поништат одлуката која стапи на сила откако беше депортиран од Австралија. Ѓоковиќ не можеше да игра на турнирот годинава, откако властите не му дозволија затоа што не беше вакциниран против коронавирус.

По депортацијата доби тригодишна забрана за влез во земјата, затоа што се обиде нелегално да влезе во земјата. Во меѓуврме власта се промени и Скот Морисон повеќе не е премиер. На негово место е Ентони Албанезе, а со него се променија и правилата околу влез во земјата.

Сега Ѓоковиќ не мора да покаже доказ дека е вакциниран, што значи пречката да заигра на омилиниот негов турнир повеќе ја нема.

За потсетување, Ѓоковиќ во досегашниот тек на кариерата девет пати го освои турнирот во Мелбурн, а на престојниот би можел да го стигне и рекордот на Рафаел Надал од 22 гренд слем во кариерата. Шпанецот можеше да ја зголеми предноста, но беше елиминиран од Френсис Тијафоа.

 

Scroll to Top