Новинарката на „Би-би-си“ Сузан Кианпур, рече дека била саркастична кога обајвила дека Охрид бил ужасно место за туристите. Откако го објави твитот многу охриѓаните кои не ја разбраа почнаа да ја навредуваат. Ѝ рекоа дека така пишувала затоа што била љубоморна.
„Љубоморна, очи истерала, не си пробала охридски колбас“, затоа така пишуваш“, биле некои од коментарите на Охриѓани на кои Сузан им објасни дека твитот бил саркастичен и дека таа се вљубила во Охрид уште кога пристигнaла првиот ден на 25 јуни.
„Сарказмот е најниската форма на духовитост, рекол Оскар Вајлд. И очигледно не секогаш патува добро”, рече Сузан.
За потсетување, пред да дојде во Македонија, Сузан рече дека треба да се посети недопрениот скапоцен камен, пред Охрид да стане туристичка замка, а потоа додека пловеше низ Охридското езеро со чамец на шега рече дека сè во градот било скапо, а времето ужасно и дека гужва имало насекаде.
Досега Сузан има посетено 7о дестинации од предвидените 100, за кои објавува репортажи.
Definitely don’t come to Lake Ohrid. It’s an absolutely terrible place in North Macedonia. Super expensive. Bad weather. Really crowded. pic.twitter.com/0xlqCTOswE
— Suzanne Kianpour (@KianpourWorld) June 27, 2023