Веб-страницата „Топ-тенс“ објави листа на најглупави земји во 2023 година. Хрватска е на прво место, Србија е на четврто, а Босна и Херцеговина е на 18. место. Листата била направена од гласачи од социјалните мрежи. 18 проценти од испитаниците сметаат дека Хрватска е најглупава.
„Луѓето ги мразат сите нации и религии. Само прочитајте ги нивните коментари по социјалните мрежи. Не се двоумат да шират омраза на нтернет. Тоа е нормално за хрватскиот народ“, коментирал еден од нив.
Зад Хрватска се САД и Северна Кореја, а Србија е на четврто место со четири проценти од гласовите.
„Тие сакаа да бидат голема Србија на штета на нивните соседи, но станаа територијално намалени. Постои голема неписменост, општо незнаење и верување дека Србите се небесен народ“, рече друг испитаник.
Босна и Херцеговина освои два проценти од гласовите и се најде на 18. место. Еден од луѓето во оваа земја кој бил дел од анкетата напишал дека му се чини како да е казнет што припаѓа на оваа нација.
„Луѓето се полни со омраза, завидливи и лажат дека се религиозни и морални, а 90 проценти од нив се вистински лицемери. Сакаат да изневеруваат и да зборуваат лошо еден за друг. Кога некој е успешен во Босна, повеќето ќе направат сѐ за да го оспорат неговиот успех“, напишал тој.