Наскоро на Нетфликс треба да почнат да се прикажуваат новите епизоди од „Телетабиси“, а објавен е и првиот трејлер од омилената детска серија.
Тинки Винки, Дипси, Лаа-Лаа и По се вратија на екраните кои потскокнуваат околу бујните зелени ридови на нивниот дом, а може да се видат познатото ведро сино небо и сонце во облик на бебе.
На социјалните мрежи веќе се пишува дека новите „Телетабиси“ многумина ќе ги врати во детството. Серијата пристигнува на Нетфликс следниот месец.
Во новите епизоди наратор ќе биде актерот Титус Берџес. Рејчел Бенарт, Ребека Хајланд, Ник Келингтон и Џеремаја Краге ги облекоа костимите на Телетаби. Водителка на сегментот „Tummy Tales“ ќе биде Јулија Пуло.