Октоберфест, најголемиот фестивал на пивото, пак ќе се одржи по две години пауза

Најголемиот германски фестивал на пивото, Октоберфест, оваа година ќе се одржи по двегодишна пауза, откри градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер. Фестивалот ќе се одржи меѓу 17 септември и 3 октомврии на овогодинешниот настан нема да има ограничувања за коронавирусот.

Во изминатите две години Октоберфест беше откажан поради пандемијата со короната. Тој има 200-годишна историја, но подолги паузи кога не се одржувал имало само за време на војни.

Пред пандемијата, Октоберфест го посетуваа околу шест милиони луѓе од целиот свет.

Scroll to Top