Општина Центар објави јавен повик за проектот „Нож и виљушка на европска чинија“

Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, настан што ја промовира  македонската кујна, но и вкусовите од европското поднебје, со посебен акцент на локалните производители на храна.

„Храната е дел од нашиот културен идентитет и начин да ја споделиме домашната традиција со другите. Со проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ ги доближуваме македонската и европската кујна до граѓаните, а локалните производители ќе имаат можност да се претстават со своите автентични производи. Како и претходната година, очекувам пријатна атмосфера, добра дружба и размена на вкусови и искуства“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Во рамки на настанот се предвидува  програма со различни активности наменети за сите возрасни категории, како и музички настапи што ќе ја збогатат манифестацијата.

На јавниот повик можат да се пријават регистрирани здруженија, организации и правни субјекти од областа на културата со седиште во Општина Центар, кои ќе понудат концепт и програма за реализација на проектот.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавувањето на повикот на општинската веб-страница, каде што е достапна и пријавата за аплицирање.

Повеќе информации на нашата веб страна https://www.centar.gov.mk/za-gragjanite/povici/javni-povici

Текстот Општина Центар објави јавен повик за проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top