Осмооделнка ја нападнала професорката по веронаука на час во школо во Белград. Професорката А.И. (44) од ударите се здобила со повреди па била префрлена во болница.
Според информациите од медиумите, прво дошло до вербален конфликт меѓу двете. Потоа девојчето ја фатила за рака и почнала да ја турка и влече, а на крај ја удрила од вратата во училницата. Веднаш и била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, каде и биле констатирани полесни телесни повреди.